Вебкафе

Поради вбризгување опасна состојка му се заканува ампутација на рацете, а него „мува не го лази“


Русинот Кирил Терешин, познат и како „рускиот Попај“ поради своите огромни бицепси, сега се соочува со загрозено здравје и можна ампутација на раката, пренесува британски The Mirror.

Кирил своите мускули ги зголемува со директно вбризгување на комбинација од хемикалии која сам ја прави во својот дом, а која е базирана на Синтол (Synthol) масло, популарно меѓу одреден круг на билдери. Иако на мускулите од Кирил веќе се видливи промени на бојата предизвикани од опасното хемиско соединение, тој не се откажува од вбризгување на истото поради кое неговите бицепси веќе изгледаат неприродно деформирани.

„Тоа нема да се случи веднаш, но огромна е веројатноста дека во иднина ќе се соочи со ампутација на рацете“, вели доктор Евгениј Лилин. „Дури и да престане да вбризгува од таа супстанца, неговото тело нема да може да ја излачи веќе вбризганата количина во наредните пет до седум години“, тврди лекарскиот експерт.

Но, за овој бивш војник, предупредувањата од лекарите не значат ништо. Тој тврди дека сето тоа го прави за Инстаграм слава, од која веројатно сака да заработи. Целта му е да собере милион следбеници за, како што вели, да не мора повеќе ништо да работи.

„Сакам да имам почит од луѓето“, вели тој, додавајќи дека заштедил користејќи „домашна смеса“ бидејќи на неа потрошил околу 4.000 рубљи, додека оригинал Synthol истата количина би го чинела 400.000 рубљи.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top