Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фолк-пејачката Елена Велевска реши да стави крај на нејзиниот десетгодишен брак со сопругот Марјан, со кого има 3 малолетни деца. Пејачката во тој контекст и лично јавно се огласи преку социјалните мрежи.
Деновиве моето име можевте да го прочитате на многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го “распослал” приватниот живот во јавноста,би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница.
Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај.
Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме- за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам…
Животот за нас оди понатаму.
Ви благодарам на разбирањето и поддршката, напиша таа на Фејсбук.