Поради секс скандалот кој ја тресе Академијата, оваа година нема Нобелова награда за литература


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во известувањето кое го упати до јавноста Шведската академија, која ја доделува Нобеловата награда, во 2018 нема да биде доделена Нобеловата награда за литература, а како причина за тоа се наведува скандалот со обвинувања за наводен сексуален напад за сопругот на една од членките.

Членката на Академијата се повлече, како и претседавачот со Академијата и четворица други членови.

Како што е официјално соопштено, одлуката е донесена поради недостаток на доверба од јавноста.

Академијата соопшти дека добитникот на оваа награда за годинава, ќе го објави заедно со победникот за следната година.

Ова е најголемиот скандал со кој се соочува Академијата, од 1901 година кога започнува доделувањето на престижната награда.

Некои членови на Академијата сметаат дека наградата треба да се додели за да се продолжи со традицијата, додека други сметаат дека институцијата не е во позиција да ја додели наградата.

Досега, во историјата на доделувањето на оваа награда, освен во шестте години за време на светските војни, само една година наградата не била доделена – во 1935 година, кога е одлучено дека ниту еден од кандидатите не е достоен за да биде лауреат.

Извор: Нова ТВ