Поради само 14 секунди цела полусезона немаше право на настап, сега конечно е се завршено


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Минатото лето во финишот од преодниот рок тимот на Лестер поради задоцнување од само 14 секунди остана без планираното засилување.

Андриен Силва во финишот од преодниот рок требаше да биде најголемото засилување на Лестер. Но, оваа приказна подоцна стана една од најинтересните, пишува Спортски.мк.

Имено, Лестер документите за трансфер на овој фудбалер до ФИФА ги испратил 14 секунди по завршувањето на предниот рок и не успеал да го регистира Силва на време.

Поради ова Силва не смееше да игра во текот на првиот дел од сезоната, но редовно тренираше и играше тренинг натпревари. Конечно со првиот ден од 2018 година „лисиците“ и официјално успеаа да го регистрираат овој фудбалер.

За да биде приказната целосно, Силва беше во спремен да настапи на денешниот натпревар против Хадерсфлд, но бидејќи официјално беше регистриран во еден часот по полоноќ документацијата не можеше да биде завршена на време, па ќе дебитира во наредниот натпревар на „лисиците“.