Поради раскинување на договор „Мекдоналдс“ става клуч на 169 ресторани во Индија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Мекдоналдс“ во Индија најави дека ќе затвори 169 објекти во северниот и во источниот дел на земјата откако американскиот синџир на ресторани за брза храна одлучи да го раскине договорот со индискиот партнер.

Од „Мекдоналдс“ соопштија дека нивниот партнер „Конаугт плаза ресторантс“ го прекршил договорот и ги откажал плаќањата на авторските права.

Компнијата „Конаугт плаза ресторантс“, која поседува 169 објекти на „Мекдоналдс“ во Индија, објави дека размислува да покрене правен спор.

Одлуката да затвори повеќе од третина од 430. ресторани, „Мекдоналдс“ го доведува до непријатна ситуација во втората земја по број на жители.

Од „Мекдоналдс“ велат дека се во потрага по нови партнери во северниот дел на земјата, додека на југот и на западот соработуваат со друга компанија.