Поради поплава во рудникот Суводол отежнат ископот на јаглен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчерашното невреме проследено со обилен дожд предизвика поплава и големи словови на вода во рудникот Суводол, од каде се носат најголемите количини јаглен за РЕК Битола.

Невремето кое вчера го зафати подрачјето на рудникот предизвика големи дотоци во откопното поле и на позициите каде се лоцирани големите багери и системи за транспортирање на јагленот.

Комбинатот во моментот работи со сите човечки и технички ресурси кои ги поседува на санација на состојбата и на непречен ископ на јаглен, кој сепак се одвива под отежнати услови, јави МИА.

Раководителот на производство во Рудници-РЕК Битола, Димитар Петковски, изјави дека се работи во тешки услови и дека вработените уште од вчера се распределени на вонредни задачи во очекување на невремето и врнежите, кои според прогнозата ќе продолжат и во текот на викендот.

„Ископувањето на јаловината и јагленот и натаму течат, отежнато, но течат, процесот на ископ на јаглен не е запрен и правиме се да се справиме со големите дотоци на вода во наоѓалиштата“, вели Петковски.