Поради овој потег како невролошки знак, на Трамп му сугерираат да си го скенира мозокот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Додека држепе говор во воената академија Вест Поинт, американскиот претседател Доналд Трамп очигледно не можеше нормално, со една рака, да ја принесе чашата до својата уста за да се напие вода, па мораше да си помогне и со другата рака.

Американските медиуми тврдат дека тоа не се случило за прв пат. Имено, неодамна е објавено видео во кое тој не може да ги контролира движењата на десната рака.

Откако го заврши говорот, тој од подиумот се симнувал многу бавно и се чинел многу нестабилен, а целата ситуација ја коментираше и самиот Трамп на Твитер.

„Рампата од која се симнував по говорот во Вест Поинт беше исклучително долга и стрмна, немаше гелендер и што е најважно, беше многу лизгава.Последното нешто што сакав да го направам е да паднам за забава на „лажните“ вести. Во последните 3 метри од рампата потрчав да стигнам до рамнината. Моментум!“ напиша Трамп на Твитер.

Сепак, на видеото се гледа дека прави само два забрзани чекори. Трамп не коментираше зошто пие вода со двете раце.

Д-р Банди Ли, психијатар од Јеил, вели дека се работи за невролошки знаци кои укажуваат на потребата за скенирање на мозокот.

Трамп веќе кревал чаша со двете раце, а ова за прв пат е снимено во 2017 година кога ја претставувал својата стратегија пред членовите на воената служба во Вашингтон.

Истата година, тој крена шише вода со двете раце, додека зборувал за трговски договор со Јапонија.

Трамп и понатаму тврди дека е совршено здрав за својата возраст, а Белата куќа неодамна објави резултати од преглед, за кои се вели дека се во согласност со неговите тврдења. Трамп денес го слави својот 74-ти роденден.