Поради овие фотки во „пин-ап“ стил, руска наставничка избркана од работа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руска наставничка Викторија Попова била шокирана кога била избркана од работното место, а уште пошокирана била кога дознала дека причината за тоа се нејзините објавени фотографии на Инстаграм, на кои позира во „плус-сајз“ костим за капење во „пин-ап“ стил од ’50-те години на минатиот век.

26-годишната наставничка Викторија Попова добила голема поддршка од јавноста откако руските медиуми ја објавиле приказната за отказот кој го добила во Седмото училиште порад „лошата репутација која ја донела на училиштето и својата професија“.

Таа добила отказ поради протестите на лутите родителите на учениците на школото кои ги виделе нејзините фотографии на социјалните мрежи.

„Со ширењето на несериозни фотографии на интернет за да се промовира бизнис проект, неповратно му наштети на угледот на училиштето. Го прекрши кодексот на однесување во Седмото училиште кое поддржува морал и етика“ – изјавиле од Градското собрание на Омск.

Сепак, Викторија не се согласува со таквото објаснување.

„Не разбирам за што ме обвинуваат. Не позирав во долна облека или во чорапи. Па зарем не знаат за американскиот пин-ап стил од педесеттите? Луѓето денес се сликаат. Позираат на одмори и споделуваат фотографии на социјалните мрежи. Ова беше само реклама за костим за капење“ – изјавила учителката која ја подржале повеќе од триу илјади луѓе на Инстаграм споделувајќи ги своите фотографии во костими за капење со хаштагот “И учителите се луѓе“.