Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Студентка од Плимут во Њу Хемпшир, стана интернет сензација откако нејзината фотографија направена на еден настан во Вашингтон стана хит на социјалните мрежи.
Анок Јаи (19), по потекло од Судан, минатиот викенд беше на едно случување во Вашингтон, а таму сосема случајно, за еден Инстаграм профил, ја фотографираше фотограф кој тврдел дека нејзините фотки можат да станат вирален хит.
И се случи токму тоа што го тврдел фотографот. „Мобилниот не престана да ми вибрира цел ден“, вели Јаи потсетувајќи се на моментот кога сфатила дека нејзината фотографија „украла“ толку големо внимание.
„Првин си мислев дека некој направил меме“, вели таа за Boston Globe. Јаи во 2000 година со своето семејство се пресели од Египет во САД. Студира биохемија, а манекенството како професионална определба отсекогаш било нејзин сон.
Но, сега, благодарение на фотографијата од Yardfest, остварувањето на нејзиниот сон е на дофат за оваа егзотична убавица. Имено, таа веќе доби неколку понуди од модни агенции, а покрај тоа и голем број корисници на социјалните мрежи навиваат за нејзин успех во оваа индустрија.
Во рекорден рок и со само десетина фотографии, таа собра повеќе од 38.000 фанови и пријатели на Инстаграм, а изгледа дека оваа бројка е само почеток за неа.