Поради ова цел интернет е воодушевен од Безос кој беше фатен во неверство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шефот на најскапата компанија на светот и човек кој е проценет како најбогат на планетата, Џеф Безос, го обвини списанието „National Enquirer“ за уцена и ја објави пораката која ја добил по електронска пошта во која се опишуваат десет фотографии (меѓу нив и такви со експлицитни содржини) со чија објава наводно му се закануваат ако не се согласи на бараните услови.

Реакциите на неговата објава не престануваат да стигнуваат, а повеќето од нив се на страна на најбогатиот човек на планетата и шеф на „Amazon“, кој уште пред неколку недеи беше главна тема во светските шоубизнис медиуми поради вонбрачната љубовна афера.

„Неверојатно е дека National Enquirer беше толку одвратен што целиот интернет е воодушевен од милијардерот кој е фатен во неверство“, пишува на Твитер уредникот на  Wired, Николас Томпсон.

„Генерално, не го сакам Џеф Безос, но моментално го обожавам“, напиша Кара Свишер, една од основачките на Recode.

„Каков неверојатно ефикасен одговор на уцена и рекет“, напиша уредникот на BuzzFeed, Бен Смит.

Колумнистката на Post, Карен Тамалти, напиша дека „Безос со ова го уништи начинот на функционирање на Enquirer“.

Безос тврди дека од компанијата „American Media Inc.“, која има сопствеништво врз споменатото списание, се обиделе да го уценат со приватни фотографии да се откаже од истрагата за тоа како списанието дошло до поседување на приватните пораки кои тој ги разменувал со својата тогашна љубовница, а денешна партнерка и кои биле мотивите за објавување на тие пораки.

Условот за магазинот да не ги објави фотографиите бил Безос да објави „лажна изјава за медиумите“ во која ќе тврди дека нема никакви сознанија или основи врз кои тој би можел да тврди дека нивните објави биле политички мотивирани или под влијание на политичка моќ“.