Home Вебкафе Поради „ОНА НА ЛИЦЕТО“ не може да најде чесна и нормална работа

Поради „ОНА НА ЛИЦЕТО“ не може да најде чесна и нормална работа

Бившиот гангстер Пук Кирека решил од корен да го смени начинот на својот живот и да ги напушти криминалните води, па за таа цел ослабе 30 килограми и се посвети на чесен живот, со надеж дека ќе најде чесна и пристојна нормална работа.

Но, огромната и маркантна тетоважа која ја има направено преку целото негово лице му претставува голема пречка во барањето нормална работа. Поранешниот мафијаш од Нов Зеланд вели дека почнал и да игра рагби , да живење здраво и да сед грижиза своите три деца. Но , тоа тешко му оди без работа, а никој не сака да го вработи поради страшниот изглед.

Во 2008 завршил во затвор, а по излегувањето решил целосно да го смени својот начин на живот. Вели дека има идеја да отвори свој бизнис за спортска рекреација, но свесен е дека минатото и тетоважата му се проблем .

На социјалните мрежи добива поддршка од младите луѓе, кои го охртабруваат да не се откажува од идејата за животни промени. Инаку, преку цедлото лице му е испишан зборот „notorious”, што е слоган на моторџиската банда Монгрел Моб.

Истата банда годинава се најде во центарот на медиумското внимание, кога се решија да ги поддржат жртвите на нападот во џамиите во Крајстчрч.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ичиго Ичиe – јапонска филозофија што нè учи како да ја пронајдеме среќата во секој момент од животот

ИЧИГО ИЧИЕ – ЈАПОНСКА ФИЛОЗОФИЈА КОЈА НÈ УЧИ КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ СРЕЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ…