Поради несогласувања со Меркел, првиот полицаец на Германија понуди оставка


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер, понуди оставка од министерската функција, како и на неговата позиција како шеф на баварската конзервативна Христијанско социјална унија ЦСУ.

Оставките Зехофер ги понуди како резултат на несогласувањата со германската канцеларка Ангела Меркел околу миграциската политика.

Тоа би можело да доведе до распаѓање на со децении стариот сојуз меѓу ЦСУ и ЦДУ на Меркел. Германската новинска агенција ДПА наведува дека оставките се уште не биле официјално поднесени и оти другите во партијата го разубедувале Зехофер да не се повлече.