Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Познатата мексиканска актерка Кјет Дел Кастиљо призна дека се сексала со холивудскиот актер Шон Пен. Како што открива таа, секс авантурата се случила за време на снимањето на документарецот за Netflix „Денот кога го запознав Ел Чапо“, а актерката сето тоа го опиша во емисијата Good Morning America.
Не беше ништо посебно, ниту чувствувам нешто кон него. Извините, ама ние сме две возрасни личности нешто се случило, тоа беше тоа“, објасни Кејт осврнувајќи се на трачевите дека спиела и со Ел Чапо, нарко босот за кој го снимаа документарецот тврдејќи дека тоа никогаш не се случило.
Дел Кастиљо беше фатална за Ел Чапо, бидејќи нарко босот беше уапсен откако таа го наговори да даде интервју за Шон Пен.
Ел Чапо сакаше неговата животна приказна да ја раскаже за пошироката јавност, но доверба имаше само во споменатата Кејт. Единствено таа присуствуваше на разговорот помеѓу славниот актер и Ел Чапо. Исто така, токму нејзините деловни агенти го договараа снимањето на биографскиот филм за нарко босот.
Откако Ел Чапо беше уапсен, сите светски медиуми се распишуваа за односот помеѓу Кејт и нарко мафијашот. Наводно, тој неа ја нарекувал„ лепотице“, а таа него „татица“. Кејт од почетокот негираше дека нејзиниот однос со Ел Чапо бил сексуален, тврдејќи дека таквите муабети ги подметнуваат луѓе желни за сензација.