Поради многу експлицитни сцени, Fifty Shades Darker ќе биде со ознака „16+“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Филмот Fifty Shades Darker доби старосно ограничување од R ранг, што значи дека нема да можат да го гледаат гледачи помлади од 16 години без присуство на родители.

Филмот изобилува со сцени со „моќна сензуална и еротска содржина, голотија и експлицитен вокабулар“, пренесуваат од MPAA. И неговиот претходник, Fifty Shades of Gray заврши со иста категоризација од R ранг, но авторите на филмот се надеваа дека со второто продолжение ќе успеат да ја избегнат таа ознака и да ја добијат многу поумерената NC-17.

Дакота Џонсон и Џејми Дорнан повторно ги играат главните улоги на парот кој практикува само-мазо игри, а многумина се надеваат дека во второто продолжение ќе видат многу повеќе голотија од првото. Како и минатиот, така и овој филм ќе биде премиерно прикажан на Свети Валентин.