Home Шоубизнис Поради финансиски проблеми се продава култното списание Rolling Stone

Поради финансиски проблеми се продава култното списание Rolling Stone

50-годишен магазин за музика и популарна култура, Rolling Stone, оди на продажба, објави основачот на магазинот, Џен Венер.

Во интервју за New Y0rk Times, Венер изјави дека тој и неговиот син Гас го продаваат Rolling Stone, но и дека се надеваат оти ќе останат во тимот.

Венер го основа списанието во ноември 1967., додека бил „хипик“. Тоа изврши големо влијание врз пишувањето за музиката, но сега е во тешка положба, главно поради општата ситуација околу продажбата на печатените медиуми, но и поради своето известување.

Имено, репутацијата на магазинот наеднаш опадна пред три години, кога мораа да повлечат текст за измислено групно силување на Универзитетот на Вирџинија, оти новинарите не го провериле изворот и информацијата, поради што заработија и три тужби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

„Роди си дете“ – кога ќе го слушнам тоа… Милена Ќераниќ со кнедла во грлото ја отвори душата за мајчинството

Милена Ќераниќ посакува мајчинство, но не по секоја цена Пејачката Милена Ќераниќ е познат…