Поради едно „меме“, песна стара 40 години повторно стана хит на Billboard


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Само едно „меме“ беше доволно за песната Dreams од бендот Fleetwood Mac повторно да стане популарна, па дури и да се појави на Billboard музичката листа.

На 22 март, Твитер корисникот со корисничко име @BottledFleet, објави снимка од група навивачки кои танцуваат додека во позадина оди песната Dreams, со опис:

„Музиката на Fleetwood Mac е толку досадна што не можеш ни да танцуваш на неа“.

Тоа беше сосема доволно за песната објавена во далечната 1977 година повторно да стане хит. „Мемето“ е споделено над 160.000 пати, а прегледано е над 6,8 милиони пати.

„Широката дистрибуција на твитот и други слични твитови кои се однесуваат на тоа меме помогнаа песната да доживее 36 насто раст во симнувањето изминатата недела. Освен тоа, песната е стримувана 1,9 милиони пати, што е раст од 24 насто“, изјавија од Billboard.