Поради даночна измама Deutsche Bank ќе плати казна од 95 милиони долари


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Deutsche Bank се согласи да плати 95 милиони долари, отакако американското Министерство за правда ја обвини германската банка за даночна измама.

Судската постапка беше покрената откако се откри дека Deutsche Bank ја користела мрежата фиктивни компании и пресметани транскации како би го избегнала плаќањето на десетина милиони долари данок.

На крајот на минатата година, пак, беше објавено дека германската банка се согласила да исплати 7,2 милијарди долари на власите на САД во врска со хипотекарните хартии од вредност.

Казната која треба да ја плати Deutsche Bank предизвика загриженост дека евентуалниот неуспех на банката може да претставува ризик за финансискиот систем на глобално ниво.