Поради „брутално искрени фотки“ бујната манекенка загуби 150.000 пријатели на Инстаграм


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Плус-сајз“ моделот е бесна поради тоа што Инстаграм го исклучи нејзиниот профил и тврди дека тоа е направено со злобни намери.

Наталија Лозано, 28-годишната Шпанка со адреса на живеење во Калифорнија, миале 150.000 обожаватели и следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, пред од социјалната платформа одненадеж да го исклучат истиот.

Шпанската манекенка мораше да отвори нов профил, на кој веќе собра 14.000 следбеници. Најави дека ќе продолжи да се бори против цензурата.

Инстаграм исклучува профили слично како и Фејсбук – поради евентуални непристојни содржини или поради голем број пријави од други корисници.

Наталија верува дека многумина го пријавувале нејзиниот профил со огелд на тоа дека на дневна основа добива многубројни критики и навреди на сметка на нејзината тежина.

„Не можат да го поднесат тоа дека сум секси и полна со самодоверба. Ме нарекуваат дебела и ме обвинуваат за лицемерие, бидејќи ги обработувам фотките“, напиша таа на Инстаграм.

Смета дека овој проблем е уште поголем во Шпанија. „Оној момент кога ќе се исправите како секси плус-сајз жена, ве осудуваат и цензурираат. Но, во Америка плус-сајз моделите имаат многу повеќе пријатели и се многу поприфатени отколку во мојата земја“, тврди Наталија.

Таа нема да се откаже од борбата за промоција на добри вредности. „Кога и да размислуваат луѓето за моето тело, јас сум индиферентна“, вели таа.

Заклучува дека нема да го напушти Инстаграм, иако им се обратила и две недели од нив не добила ни помош, ни решение. Поради тоа направи нов профил, кој веќе почна да го полни со фотографии поради какви го загуби првиот.