Поради „бесплатната голотија“ критичарите распалија по филмот со Емили Ратајковски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дејството на новиот филм со Натали Дормер (Маргари Тајрел од „Game of Thrones“), која е коавторски потписник и на сценариото, ја вклучува слепата пијанистка Софија која се наоѓа среде мистериозно убиство после кое нејзината сосетка Вероник (Емили Ратајковски) умира.

И додека описот звучи како нормална премиса за холивудски трилер, In Darkness, кој го режираше Ентони Бирн, предизвика контроверзии меѓу критичарите кои, како што посочуваат тие – поради „бесплатната голотија“, односно голотијата без оправдана мотивација и причина, пренесува Esquire.

The Hollywood Reporter за филмот напиша дека има „генеричка приказна“, но и „храбри стилистички механизми“, како што е сечењето на сцената со религиски мотиви со фотографии од Софи под тушот.

Rogerbert.com филмот го нарече „садистички“, додека The Guardian пишува дека станува збор за „треши кримич кој насекаде наоѓа фетиши“.

Но, Натали Дормер не се согласува со критиките. „Мора да има сексуалност во ’power play‘ трилер. Сите сме телесни. Во овој филм сцентаа со секс, која за мене беше сцена со водење љубов, е метафора на начинот како мојот лик се поврзува со улогата на Ед Скреин (колега од „Game of Thrones“). Сцената под тушот, исто така, покажува тетоважа на телото од мојот лик и јасно ви е дека не е таа за која мислите дека е“, изјави таа за The Guardian.