Актуелно

Поради 7 неисплатени плати, над 40 вработни во ТВ Нова од Сеад Кочан бараат стечај

Поради седум неисплатени плати досега, 43 сегашни и бивши вработени во Телевизија Нова, сопственост на Сеад Кочан, покренaле претстечајна постапка, објави Макфакс

Менаџментот неколку пати ветувал исплаќање на платите, но вработените од октомври досега немале земено ниту денар.

Дел од вработените велат дека се соочуваат со притисоци да потпишат спогодбен отказ, а неколкумина биле одјавени без воопшто да бидат известени.

Според вработените, во ТВ Нова влегле инспектори на трудовата инспекција и од Управата за јавни приходи. Тие додаваат и дека е „време државата да покаже дека ги штити работниците, не само на хартија, туку и на дело“.

Пред приближно еден месец беше отворена претстечајна постапка за ТВ Нова. Стечајот го покрена кабелскиот оператор „Роби Телекабел“, како еден од доверителите. Од менаџментот тогаш тврдеа дека кабелскиот оператор Телекабел спроведува цензура. ТВ Нова на Телекабел, за пренос на сигналот годишно му плаќала по 50.000 евра. Телевизијата веќе неколку месеци емитува стара програма.

Advertisements
To Top