Порачала шампон од интернет, а добила 20 американски пасоши


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лондончанката Никол Мичел не можела да си поверува на своите очи кога го отворила пакетот кој стигнал по брза пошта и во кој, наместо шампонот кој го порачала преку интернет, имало 20 нови американски пасоши.

Веднаш повикала полиција од која добила инструкции да ги фрли во ѓубре, но потоа виш полициски службеник го презел разговорот и ја упатил да не го прави тоа. По завршувањето на разговорот со полицијата, Никол ја повикала американската амбасада.

„Тоа е голем безбедносен пробив, што ако овој пакет завршеше во рацете на терористи? Бев преплашена бидејќи никој не сакаше да ми објасни што се случува“, вели Британката.

После неколку часа, пасошите ги презел вработен во амбасадата на САД во Лондон.

Од компанијата изјавија дека нејзиниот пакет и пакетот за амбасадата стоеле еден покрај друг и дека доставувачот по грешка ги заменил.

Од американската амбасада изјавија дека веруваат оти ова била обична грешка и дека веќе нема да се повтори, како и дека безбедноста и интегритетот на патничките документи им се на прво место.