Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Популарниот американски рапер Нипси Хасл беше застрелан и го загуби својот живот во Лос Анџелес. 33-годишниот рапер чие целосно име е Ермајас Дејвидсон Aсхед почина откако беше застрелан во неделата, околу 15:20 часот, пред неговиот бутик за облека во Лос Анџелес, пренесува ВВС.
Трагичната вест ја потврди и градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети. „Нашите срца се со саканите од Нипси Хасл“, напиша тој на Твитер.
View this post on Instagram
Освен раперот, неидентификуваниот напаѓач застрелал уште две машки лица кои биле пренесени во болница. Едниот од нив подоцна починал како последица од прострелните рани, додека другиот успешно се опоравува, објавија од полициските служби на Лос Анџелес.
„Моментално немаме информација за осомничениот и ќе откриеме детали кога ќе имаме конкретни информации“, додадоа од полициските органи.
View this post on Instagram
Нипси беше исклучително почитуван и ценет во музичката индустрија, а тоа го потврдува и неговиот дебитантски албум „Victory Lap“ од 2018 година, кој беше номиниран за Grammy за албум на годината. Пред овој албум, Нипси објави десет компилации и реализираше голем број настапи во живо. Раперот со години беше во врска со актерката Лорен Лондон, со која има и две деца – Емани и Крос.
View this post on Instagram
Меѓу бројните ожалостени од оваа трагична вест, со објава посветена на Нипси се огласи и славната кошаркарска легенда Леброн Џејмс. НБА ѕвездата на Инстаграм сподели фотографија од починатиот рапер и личен пријател со порака: „Пред неколку дена се допишувавме, брате. Ти кажав колку сум горд на тебе и како ќе ти бидам домаќин на повеќе натпревари од Лејкерс идната сезона. Беше оној на свои нозе од првиот ден. Почивај во мир, млад кралу. Ова долго ќе боли“.