Попмео се оградува од текстот на New York Times: Не сум автор на контроверзната колумна


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги негираше шпекулациите и тврдењата кои се појавија во медиумите и јавноста дека тој е автор на анонимна колумна објавена во New York Times, преку која висок функционер во администрацијата на претседателот на САД остро го критикува претседателот Доналд Трамп и ја потресе Белата куќа.

„Никој не би требало да биде изненаден што New York Times, либералниот весник, ја нападна оваа администрација и го објави написот“, кажа Помпео на конференција за новинари во Њу Делхи и истакна дека колумната не е негова.

За идентитетот на авторот и понатаму се нагаѓа.

Уредниците на весникот „не требало здраво за готово да ги земат ставовите на еден лош член (на администрацијата), незадоволен и нечесен“, кажа американскиот државен секретар.

„Ако не сте во можност да го спроведете планот на шефот, ви преостанува само да си заминете. Наместо тоа, таа личност, како што пишува New York Times, решила не само да остане туку и да го поткопа она што претседателот Трамп и неговата администрација се обидуваат да го остварат“.

„Морам да кажам и дека ги сметам за загрижувачки напорите на медиумите во поткопувањето на администрацијата“, додаде Помпео.