Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Синоќешните обилни дождови и невреме кои ја зафатија Македонија предизвика поплави во Прилеп, Битола, Виница, Неготино, Тетово… Во прилепското село Лажани вчера вечер биле поплавени 50 куќи, а дел од населението било евакуирано по обилните дождови.
Градоначалникот на општина Долнени, на која и припаѓа селото Лажани, Урим Ибески изјави дека нема повредени, но има евакуирани жители. „Причина е излевањето на реката, која поради невремето, како и несовесното градење и отпадот, поплави голем број куќи“, рече Ибески.
Покрај Лажани во општина Долнени, поплавени биле уште неколку села, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека водата во околината почнала да се повлекува. Во Долнени струјата била превентивно исклучена за заштита на луѓето и мрежата. Има поплавени куќи и во Кривогаштани.
Во Неготино се регистрирани оштетени кровови и поплавени домови. Силен дожд врнеше и во Битола и Крушево. Поради паднато дрво вчера неколку часа во прекин беше и сообраќајот во двата правци на патот Битола – ГП Меџитлија.
Невремето во Виница поплави 30 до 40 објекти. Во Виница наврна најмногу дожд на метар квадратен – 55 литри.
И во Тетово по обилните синоќешни врнежи од дожд има има поплавени подруми, гаражи и куќи, а се излеа и канализација од неколку шахти.