Поплава во СЈО уништила клучни докази од случаите „Империја“ „Шпион“ и „Триста“?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Синоќа, во ТВ емисијата „360“ беше објавена информацијата дека во текот на минатата недела во СЈО се случила поплава во која биле зафатени дел од документите собрани како докази за три предмети, пренесува 21ТВ.

„Точно е дека поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено СЈО, протече една од цевките, при што беше зафатена дел од документацијата за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“. Треба да се има предвид дека во ова Обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не се ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување“, велат од СЈО.

Предметите „Триста“ и „Шпион“ се во фаза на судење, додека предметот „Империја“ е во фаза на истрага. Во овој предмет обвинети се 13 лица, меѓу кои Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ и други, за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Во ноември судот донесе привремена мерка за одземање на дел од имотот заради обезбедување на правните лица Орка холдинг и Ексико, и решенија за привремено да се запре одливот на парични средства од банкарските сметки на правните лица Ексико и Тимох увоз извоз.

Според доказите на СЈО до тој момент, сторената штета на Буџетот на Република Македонија е од најмалку 6.275.280 евра и дека се испрани парични средства во износ од 10.939.938 евра.

Минатата недела, Врховниот суд ги прифати жалбите на Камчев, Јосифовиќ и Панделески, но не и на Мијалков, кој во меѓувреме доби затворски притвор до правосилноста на пресудата за Титаник 2, предмет во кој првостепено е осуден на 3 години затвор.

Но, со предлог законот за ЈО, што го усвои Владата минатата недела, СЈО станува дел од ЈО и со проширени надлежности за други дела, но бомбите ќе се користат како доказ само за истрагите кои се покренати до 30 јуни 2017 година, што е на линија со правното мислење од Врховниот суд од претходно.

На забелешките во јавноста дека на овој начин голем број од истрагите како „Попис“, „Пациент“ и „Империја“ на овој начин ќе пропаднат, од власта убедуваат дека истрагите ќе продолжат ако за нив има докази, кои не се поврзани со бомбите. СЈО сега треба да соопшти колкав дел од доказите за „Империја“ се уништени.