Попис во април – Собранието го усвои законот за попис на населението


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


По цели 19 години и еден неуспешен обид за попишување, Македонија овој април ќе спроведе попис на населението, домаќинствата и становите.

Со помош на гласовите на Алијаса и Алтернатива, владејачкото мнозинство го изгласа Законот во Собрание со 62 гласа ЗА. Воздржани и против немаше. Опозициската ВМРО ДПМНЕ ја напушти салата пред гласањето. Иако од Алетрнатива велат дека имале неколку забелешки за законот, сепак се на став дека попис треба да се спроведе па затоа даваат поддршка.

Иако собраниската расправа заврши пред неколку дена, од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ денеска во процедурална забелешка го повторија ставот дека овој закон не е во согласност со европските регулативи па оттаму нема да биде реален. Како еден од клучните проблеми го посочуваат врзаниот потпис на директорот на ДЗС и неговиот заменик. На ова собранискиот спикер Џафери им одговори дека целата идеја со врзани потписи е произлезена од пржинските договори.

Од владејачката СДСМ преку соопштение порачаа дека надлежните институции се подготвени да спроведат попис по сите меѓународни стандарди и препораки на ЕУРОСТАТ.

-Никој не смее да го партизира спроведувањето на пописот, а повиците за негов бојкот се повици за кршење на законите. Одново се поразени деструкциите и обидите за блокади на антидржавното и антинародно ВМРО-ДПМНЕ предводено од докажаниот губитник Христијан Мицкоски.- СДСМ

Државјаните кои живеат надвор од земјава ќе можат да внесат своите податоци преку апликацијата што од 1 март ќе се најде на веб страницата на ДЗС, а попишувачите на терен ќе бидат од 1 до 21 април. За оние кои ќе дадат лажни податоци ќе има казни. Со законот е предвидено глоба во износ од 200 до 300 евра да плати оној што ќе одбие да ги даде податоците што се бараат од него или ако даде неточни податоци