Попис на населението во април 2020 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Конечно нашата држава ќе направи попис на населението кој, како што изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, ќе се изведе од 1 до 21 април 2020 година.

Пописот ќе ги опфати лицата во државава и тие што се во странство. Според него, како и на претходната таква статистичка операција ќе има и графа за етничко-културолошки и религиозни карактеристики. Првите резултати од пописот, како што наведе, се очекуваат за шест месеци по неговото спроведување.

Целата статистичка операција, што се спроведува по 16 години, ќе чини 8,5 милиони евра. Во пописот на населението, домаќинствата и становите ќе бидат ангажирани околу 6.000 лица, од кои 5.000 попишувачи, 500 реонски инструктори, 200 државни инструктори и членови на пописните комисии. Целата територија на државата ќе биде поделена на 45 пописни реони.