Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез спрема голема реконструкција на тимот, а главна желба за тренерското столче е Жозе Мурињо, пренесуваат шпанските медиуми.
„Диарио Гол“ пренесува дека Перез е спремен да го „наоружа“ Мурињо со буџет од неверојатни 600 милиони евра за нови засилувања и така да започне нова ера на „галактикоси“.
Мурињо оваа сезона се мачи во Манчестер Јунајтед и нема да биде изненадување ако на крајот на сезоната добие отказ поради слабите резултати. Сепак, на Мурињо му се допаѓа идејата да се врати на „Сантиаго Бернабеу“ и е спремен да го раскине договорот со „црвените ѓаволи“.
Во Мадрид се спрема грандиозен проект и многу фудбалски ѕвезди се на списокот на „кралевите“. Медиумите пренесуваат дека на радарот на Реал Мадрид се наоѓаат Хари Кејн и Ериксен од Тотенхем, ѕвездата на ПСЖ Нејмар, како и Погба и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.