Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако Ливерпул јасно покажа дека не сака да го продаде својот најдобар играч, изгледа дека Барселона не мисли така лесно да се откаже од Кутињо.
Ливерпул одби понуда поголема од 100 милиони евра, но шпанските медиуми пишуваат дека Барса има најдено друго решение кое би можело да го омекне ставот на клубот од „Енфилд“.
Во Барса сметаат дека Ливерпул би можеле да попуштат ако за Кутињо, со рекордна оштета, понудат и еден играч на кој „Црвените“ уште од претходно „фрлија“ око. Станува збор за Иван Ракитиќ, играч кој медиумите пред неколку години го преселија во Ливерпул, но заврши во Севиља, па на „Камп Ноу“.
Јирген Клоп е голем фан на Ракитиќ и има идеја како да го вклопи во својот тим, кој оваа сезона сака да направи голем чекор и да се вклучи во борбата за титулата. Ракитиќ е играч со богато искуство, со низа на големи трофеи зад себе, беше и капитен на екипата кога Севиља ја освои Лигата на Европа, а потоа падна во сосема подруга средина каде што мораше да се навикне во составот на Барса и да биде во служба на познатото МСН. И тука продолжи да реди успеси, но загубата на Нејмар ја принуди Барса да доведе барем уште едно големо засилување, и за него се подготвени да го жртвуваат хрватскиот играч.
Прашањето е само што за ова ќе каже Ракитиќ, кој ужива во Барса и во животот во Шпанија, а договор со Каталонците има до 2021. година.