Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Регулаторната комисија за енергетика известуваат дека од денес, четврток, 24 октомври, нов приклучок на мрежа за електрична струја ќе изнесува 370 евра, наместо досегашните 500 евра колку што беше ново вклучување на струја.
Двоењето пак на броилата како и приклучокот од монофазна на трофазна од 500 се намалува на 200 евра. Регулаторна го донесе новиот ценовник за прикучоци и трошковникот кој го одобри на ЕВН.
Граѓаните кои ЕВН ги исклучила поради неплатени сметки, наместо над 1.700 денари за повторен приклучок или 2.500 за веднаш да добијат струја, сега ќе плаќаат по 440 денари.
Велат целта е да се намалат трошоците на граѓаните, но и на ранливите категории кои најчесто заглавувале со сметките за струја.
„Значи обично ова се ранливи категории на потрошувачи и се соочуваат со проблеми при плаќањето и не сакаме парите кои што се реално за да ја платат услугата односно електричната енергија која што ја добиле да им го зголемуваме и трошокот за повторни приклучоци. – изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Бислимоски вели ја исправиле и неправдата за граѓаните во општините каде не се донесени Деталните урбанистички планови, на кои ЕВН за нов приклучок им наплаќала над 2.000 евра
„Со новите мрежни правила за дистрибуција имајќи во предвид дека граѓаните не се виновни за инертноста на општините РКЕ го зголеми опфатот на домаќинствата кои што ќе се стекнат со стандарден приклучок Значи повеќе ќе нема нестрандардни приклучоци кои што изнесуваат повеќе од 2.000 евра.- изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Цената на водата за Скопјани останува иста. А се чека да се произнесат Јавното станбено претпријатие и БЕГ дали Градски Енергетски Системи ќе може да ја преземе лиценцата од БЕГза дистрибуција на топлинска енергија за скопјани.