Поништени апликациите за зелена карта за САД на сите кои аплицирале од 3 до 10 октомври


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Апликациите за иселеничката визна програма на САД, позната како Лотарија за зелена карта, кои биле поднесени во периодот од 3 до 10 октомври, се изгубени поради технички проблеми.

Лицата, кои ги поднеле апликациите во текот на овој период, треба повторно да аплицираат, соопшти Стејт департментот.

„Апликациите испратени од 3 до 10 октомври не се важечки, и се исклучени од системот. Нема да се сметаат за двојно пријавување“, се вели во информацијата на веб страницата на Стејт департментот.

„Техничкиот проблем е решен, и новиот период за аплицирање ќе почне на 18 октомври 2017 година, и ќе трае до 22 ноември 2017“, се вели во информацијата, во која, исто така, се нагласува апликантите да ги фрлат потврдниот број или документите за претходните неважечки апликации.

Не е јасно дали Стејт департментот бил во можност да ги нотифицира апликациите индивидуално.

За оние што немаат семејство во САД, работодавец да ги спонзорира, или кои не се водат како бегалци, програмата за зелена карта на лотарија е единствена опција.

Потребно е диплома од средно училиште или неколку години работно искуство за квалификација.

Ако, пак, апликацијата е валидна, лицата имаат потврден број и ги исполниле другите услови за имигранти, сепак треба да платат за да влезат во САД.

Добитниците на актуелната лотарија, ќе ги земат нивните визи во фискалната 2019-та година, која трае од први октомври 2018 до 30 септември 2019 година.

Можат да се квалификуваат сите држави, освен родени во Бангладеш, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Доминиканската Република, Ел Салвадор, Хаити, Индија, Јамајка, Мексико, Нигерија, Пакистан, Перу, Филипините, Јужна Кореја, Обединетото Кралство (освен Северна Ирска), и нејзините територии, како и Виетнам.

Лицата родени во Хонгконг, Макао и Тајван можат да аплицираат за оваа програма.