Home Актуелно Понеделник носи променливо облачно и потопло време

Понеделник носи променливо облачно и потопло време

Времето во Македонија денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, повремено ќе се засилува.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 5 Целзиусови степени, Маврово 8, Охрид 10, Прилеп 12, Кавадарци 15, Крива Паланка и Берово 9, Дојран 12…

Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник претпладне. Поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе поминуваат во снег и на некои пониски места, особено во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе предизвика значителен пад на дневната температура. Дневните температури ќе бидат во Скопје и Битола 3, Маврово и Крива Паланка 2, Берово 1, Охрид 7, Кавадарци и Гевгелија 6 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…