Понеделник носи повеќе облаци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претежно облачно време се очекува понеделнички низ земјава. Повремени, но релативно кратки сончеви периоди може да се очекуваат највеќе во југозападниот регион. На североисток ќе има услови сосема на кратко да пророси.

Утрото нема да биде особено студено. Минималната темпеарура ќе има вредности помеѓу минус 4 и 1 степен Целзиусов. Tемпературата ќе има максималната вредност помеѓу 4 и 8 степени низ поголем дел од котлините, а на југоисток околу 12 Целзиусои.

Скопскиот регион очекува претежно облачно време и максимална температура околу 7 степени. Наутро минималната температура ќе има вредност околу минус 1 степен Целзиусов.