Понеделник носи пад на температурите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Понеделник ќе биде претежно облачен ден. Облачноста само локално ќе донесе врнежи, и тоа на планинините во западниот дел од земјата, преспанската котлина и во околината на осоговијата на исток. Станува збор за сосема слаби врнежи.

Облачноста значително ќе се намалува во текот на ноќта кон вторник. Ветерот ќе биде северен, но послаб во однос на недела.

И утрото и денот ќе бидат посвежи во однос на претходните. Температурата ќе има минимум низ котлините помеѓу 3 и 6 степени.

Осетно ќе биде посвежо преку ден. Долж повардарието максималната ќе има вредност во границите помеѓу 12 и 14, а низ останатите котлини околу 10 степени.

Скопскиот крај очекува облачно време, но со тоа што попладне веќе ќе има тренд на намалување на облачноста. Температурата ќе има максимална вредност околу 12 степени.