Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последниов понеделник овој ноември носи значителна промена на времето. Под влијание на продор на доста постудена воздушна маса од север, очекуваме и значителен пад на температурата, но во втората половина од денот. овој пад ќе биде поосетен. Наутро ќе биде облачно, со можен повремен дож во јужните делови од земјата.
Попладне повремени врнежи ќе има во поголем дел од земјата, но со претежно слаб интензитет. На планините овие врнежи ќе бидат од снег.
Приквечер врнежте од дожд ќе преминат во снег, а висината над која може да очекуваме снег е над 600 метри во јужните, а над 500 во северните делови од земјата. Сепак снежна покривка од овие врнежи би се формирала само локално, но ќе биде незначителна.
Ќе дува умрен до засилен северен ветер.
Максималната температура ќе има вредност помеѓу 4°С и 8°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток околу 9°С .
Скопскиот регион ќе биде претежно облачен. Повремен дожд ќе има рано наутро и повторно во втората половина од денот. Има веројатност попладне во повисоките делови на котлината врнежите да бидат од снег. Ќе дува умрен до засилен северен ветер.
Температурата ќе има највисока дневна вредност околу 5°С.