Home Актуелно Понеделничко наоблачување за најава на временски променлива недела

Понеделничко наоблачување за најава на временски променлива недела

Ќе преовладува облачно и посвежо време со врнежи од дожд со послаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интензитет. На повисоките планини можен е и повремен снег.

Ќе биде посвежо и дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Од вторник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во вторник и среда во попладневните часови пред се на запад ќе има услови и за појава на ретки грмежи. До четврток ќе дува претежно југоисточен ветер а дневните температури ќе се во интервал од 13 до 21 степени.

Во четврток ќе почне да дува северен ветер кој особено ќе засилува во петок кога и врнежите ќе завршуваат. Во овие денови ќе биде и за степен до два посвежо.

Утрата ќе останат свежи, а малку постудено ќе е утре наутро и потоа се до петок утринските ќе се насекаде позитивни. Во петок со намалување на облачноста утринските повторно ќе се доближат до нулата, сепак во поголемиот дел од земјата се очекува да се позитивни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…