Понеделничка временска прогноза – еве какво време ќе имаме денес


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Временската прогноза за денес најавува променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Дневните температури ќе се движат од 26 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на невреме. Дневната температурата ќедостигне до 30 степени. Во Маврово максималната дневна температура ќе биде 22, Охрид 27, Битола 29, Крива Паланка 27, Берово 26, Кавадарци 32, Дојран 33 степени.

Нестабилно време ќе има до среда во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени и ќе се движат до 34 степени.

Потоа во наредните денови ќе биде стабилно и потопло, освен во петок кога ќе има изолирана појава на краткотраен дожд.