Понеделничка временска прогноза – еве какво време ќе имаме денес


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во текот на вториот мартовски понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Попладне од север и од запад облачноста ќе се зголеми и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини и понекаде на повисоките места особено на запад од снег.

Дневните температури ќе се движат од 10 Целзиусови степени во Маврово, Охрид и Крива Паланка 15, Берово 16, Скопје 18, до 19 степени во Битола и Кавадарци и 23 во Дојран.

Прогнозата за утре е претежно облачно со повремени врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на повисоките и на планините особено на запад од снег. Попладне врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 10, Маврово 6, Охрид 8, Прилеп и Крива Паланка 9, Берово 5, Кавадарци 10 и Дојран 11 степени.

Од среда времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температури од 6 до 13 степени.