Понеделничка временска прогноза


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денешниот августовски понеделник во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во северните делови, ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени, информира УХМР.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 30 степени.

Според најавеното, од утре следува период на стабилно и посвежо време со пониски утрински температури, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст. Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.