Понеделничка временска прогноза


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денешниот последен априлски понеделник во Македонија претпладне носи сончево време со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, понекаде и во форма на локално невреме со силен ветер и појава на ситен град.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот со услови за појава на краткотрајно невреме и дневна температура од 21 Целзиусов степен. Маврово 14, Охрид 19, Битола 21, Крива Паланка 16, Берово 16, Кавадарци 21, Дојран 22.

Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен северен ветер и услови за локално невреме со појава на град.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот со услови за појава на краткотрајно невреме. Дневните температури ќе се движат од 13 до 21 степен.