Понеделничка временска прогноза


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен ветер од северен правец што ќе услови значително заладување, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во слаб снег.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец и дневна температура од 21 Целзиусов степем. Маврово 12, Охрид 17, Битола 19, Крива Паланка 18, Берово 17, Кавадарци 22, Дојран 23.

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено со силен ветер од северен правец, на повеќе места со брзина и над 70 км/час. Во југозападните и крајните западни делови ќе има услави за провејување на слаб снег.

Во Скопје променливо облачно, ветровито и судено. Ќе дува силен северен ветер, кој ќе надминува брзина над 60 км/час. Дневните температури ќе се движат од 2 до 12 степени.