Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денешниот јануарски понеделник во Македонија носи претежно облачно време.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне, најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје, претпладне со појава на магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Според УХМР, до крајот на работната недела ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег каде што ќе се формира снежна покривка. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер, над 20 литри на метар квадратен, особено денеска во текот на ноќта и во вторник претпладне.
Од вторник попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.