Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денешниот августовски понеделник во Македонија носи променливо облачно, посвежо и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално во попладневните часови ќе има услови за појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Во Скопје дневнат температура ќе достигне до 29 Целзиусови степени, Маврово 21, Охрид 25, Битола 27, Крива Паланка 25, Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 30.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, од пладневните часови ќе биде нестабилно, особено на југоистокот, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 21 до 30 степени.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…