Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска, 4-ти април, во Македонија ќе преовладува претежно облачно време.
Попладне од западните кон централните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени. Маврово 3, Охрод 9, Битола 11, Крива Паланка 10, Берово 9, Кавадарци 13, Дојран 14.
Во следните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, а на планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен до југозападен ветер. Во среда ќе има краткотрајна стабилизација на времето, а потоа повторно се очекува нова краткотрајна нестабилност.