Понеделничка временска прогноза


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, 7. март, ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег, слаби во централните делови од земјата и на југоистокот претежно од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 6 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид 5, Битола 7, Крива Паланка и Берово 3, Кавадарци 9, Дојран 10.

И утре времето ќе биде променливо облачно и студено, главно во западните делови и на крајниот југоисток со врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од – 1 до 7 степени.