Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска, 6. декември, понеделник, времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен.
Максималната дневна температура во Скопје ќе биде 10 Целзиусови степени, Маврово 3, Охрид 9, Битола 10.Крива Паланка 9, Берово 8, Кавадарци и Дојран 14.
Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите утре ќе преминат во снег и на повисоките места, а до крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, особено во источните делови. Утре дневните температури ќе се движат од -1 до 8 степени.