Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Македонија денеска ќе имаме променливо облачно време, уште од претпладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Како што најави УХМР, ќе има услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 31 Целзиусов степен.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.
И утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови. Дневните температури ќе се движат од 17 до 29 степени.