Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес, понеделник, 8 февруари, времето во Македонија претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (и над 70 км/час).
Поради изразеното јужно струење ќе има транспорт на пустинска прашина, што ќе предизвика на места дождот да биде обоен. Попладне во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат.
Дневите температури ќе бидат во Скопје и Крива Паланка 13, Маврово 8, Охрид 11, Битола 14, Берово 12, Кавадарци 16, Дојран 18.
И за утре временската прогниза е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час. Дневните температури ќе се движат од 6 до 16 Целзиусови степени.