Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денешниот ноемвриски понеделник во Македонија носи студено утро, по одделни котлини со појава на магла, а во текот на денот сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи од -8 до 3, а максималната од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени.

Следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…