Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Првиот октомвриски понеделник во Македонија носи променливо облачно време со малку пониски температури. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Попладне и во текот на ноќта на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Попладне и преку ноќта ќе има појава на повремено пороен дожд и услови за појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 29 степени.

– Реклама –

Вечерва, во текот на ноќта и утре ќе дува умерен до засилен јужен ветер што ќе услови натпросечни температури.

Утре попладне и во вторник ќе биде облачно и нестабилно наместа со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде процесите ќе се поинтензивни и во форма на невреме. Од вторник и особено на северот дневната температура ќе биде позначително пониска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…